Бихаќко, туго и несреќо, то што си варала, то бих ти опростио, ал‘ што си мене – то не могу!

СДСМ денес е партија киднапирана од некадарници и од луѓе со сомнителен политички капитал и морал. Бихаќка денес е туга и несреќа, како што пееше бендот Црвена јабука. Пред конгресот закажан за 24 јануари 2026 година, раководството од Тему на чело со Венко Филипче води груба и простачка кампања, со која панично се пресметува со сите кои бараат промени во СДСМ. Списокот за отстрел е долг. Почесно место на тој список има мојата маленкост. Во овој текст ќе прочитате зошто е тоа така и зошто речиси и да нема информерско соопштение на СДСМ во кое не се спомнува моето име. Кад сузе говоре, истина разваљује … Хахахаха!

1,094

На крајот на уште еден возбудлив ден во светот на глупавите информерски соопштенија на Бихаќка, дојде време да им се обратам на другарчињата. Јавно ветив дека нема да пропуштам ниту една битка од оваа војна со соопштенија, што ја почнаа будалите. А јас своите ветувања ги исполнувам …

Туѓо, несреќо … СДСМ во распаѓање!






За почеток, мало објаснување на насловот. Инспириран сум од нарачателот на новата пи-ар стратегијата на СДСМ, од Венко Филипче, од Штабот на будалите, од македонската агенција посредник и најмногу од изведувачот на работите, кого со лингвистичка форензичка анализира го лоцирав некаде во Белград, можеби на потегот меѓу општините Палилула и Врачар. Така инспириран, влегувам полека во нивниот „српски свет“, со кој се опседнати.

За оваа прилика, избрав дел од една популарна песна на бендот Црвена јабука. Ова се тие стихови: „Кад сузе говоре, истина разваљује и свака реч ме обори с ногу, то што си варала, то бих ти опростио, ал‘ што си мене, то не могу“. Патем речено, Црвена јабука не е белградски, туку сараевски и загрепски бенд, но овие стихови и посебно насловот на оваа песна („Туго, несреќо“) совршено ја опишуваат состојбата во СДСМ денес.

И во денешните соопштенија – чиј автор можеби е некојси Миљан, Сиљан или Љиљан, можеби директор на некоја мала белградска агенција која со очи широко отворени си нашла блесав и ќорав клиент во Македонија, желен за внимание и за обид на македонски терен да ја преслика невеселата српска стварност – јас сум на удар. Првото утринско соопштение целосно ми е посветено мене, а моето име се спомнува и во други коминикеа.

Кога лажеше Заев, беше мерак да го слушаш … а не како овие сега!

Лажењето, односно варањето (говори српски да те цео свет разуме, нели), е константа во СДСМ уште од времето на итриот муртинец Зоран Заев. Он је шетао пуно и радио је такви ствари. Ако се сеќавате, јас го измислив оној закон на македонската политика од времето Заево – да се надмудруваш со Зоки е како да играш шах со мајмун, никако не можеш да добиеш, мајмун не игра според правила, ќе ти краде фигури, ќе ти ја растури таблата …

Ама, пак ќе речам, Заев беше многу поинтелигентен од својот втор наследник, од својот протежé Венко Филипче. Тој никогаш не се осмели да влезе во директен дуел со медиумите со кои раководев и со мене лично. Знаеше дека тоа скапо ќе го чини. Кога сакаше да ме дисциплинира, ќе си избереше некоја будалетинка (како оној Саше Поликлинико, ако се сеќавате на тој лик) и му праќаше нарачки. Беа тоа груби атаци, но кои Саше им даваше свој луцкаст шмек, не знаеш дали да плачеш или да се смееш. Во секој случај, Заев секогаш имаше алиби и велеше: „Не бе другарче, нема тоа врска со мене …“

Затоа, откако се случи тоа што се случи, откако падна ко скапана круша (малку садизам од моја страна), на Заев за она безочно варање јас му простив. Еми, другарче вака, другарче така, ми смо радили и такве ствари… Би им простил јас и на овие нови другарчиња и за овие нови навреди, клевети и лаги што ги шират, ама тоа што ги шират за мене – е тоа баш не можам да им го простам. Како што пее Црвена јабука, нели … Освен, можеби, рецимо, ако брзо се скурдепсаат, па си го приберат долгиот поган јазик, па ми се извинат јавно за сите навреди и клевети, тоа задолжително.

Кој се курчи треба да знае и да откурчи

А сега, малку и за содржината на денешното обемно глупандерско соопштение, под наслов „Геровата Војна и мир“. Овој Миљан, Сиљан или Љиљан, или кој и ебиветар да е, во стилска смисла сериозно паднал, до степен што помислувам дека или СДСМ и македонската агенција посредник овој пат му дале ден одмор да се прибере и сами го стокмиле новото писание за мене, или тој со нив си игра курташак.

За директните навреди пак нема да трошам многу зборови. После вчерашните („фрљо“, „џубокс-новинар“, „бот“ и слични), денес се придодадени серија нови, па во мојот „карактер“ авторот открива: агресија и садизам, нарцизам, макијавелизам и психопатија. Тоа е, што да каже човек …

Абе кога јас ќе решам да го навредам Венко Филипче, на пример, немам потреба да ги „анализирам“ неговата кариера и неговиот карактер, неговиот имот и неговиот приватен живот, па да му измислувам некакви карактерни „особини“ и разни психијатриски дијагнози. Па не сум јас тетка фејсбукџика, ебаго! Едноставно, грубо и неутрално, му велам: Венко, ти си будала, човече!

Скопје не е „Фарма“ или „Задруга“, шапшали едни! У наше маало, прво се курчиме, па ако осетиме тврдо, или многу меко, сеедно, знаеме да откурчиме. Кој се курчи, мора да знае и да откурчи. Мислам, што да ви објаснувам, ние сме фраери, ако сме … А не како тој Миљан, Сиљан или Љиљан, се навредил што му ги соблеков свилените гаќи и сега пишува фермани, се нервира, булазни бре!

Кад сузе говоре, истина разваљује … Говеда едни!

Телеграфски прецизно ќе одговорам на клеветите и на инсинуациите во овој текст на СДСМ. Подетално, ако решам со шупциве да се видам на суд. Значи:

Не, немам станови во Скопје. За волја на вистината, во моментов не поседувам ниту еден сопствен стан во Македонија. Може да се провери во Катастарот. Кој сака, нека честита.

Не, немам стан во Белград, како што тврди СДСМ. Ако пронајдат таков, нека ми јават адреса и нека ми ги сочуваат клучевите. Тој не го давам никому!

За Грција, со Венко ќе правиме башка муабет, ако ме покани на јахтата, заедно да го џиткаме сидрото да влече напред.

Не, немам сметка во Алта банка. Сите свои пари – чесно заработени до последен денар! – цел живот ги чувам во една иста, македонска банка. А не би се чувствувал некомфорно и да имам сметка и пари и во банката што упорно се спомнува во информерските соопштенија на СДСМ.

За мојата улога во проектот „Слободен печат“, немам што да додадам. Можат овие од Бихаќка да јадат лајна колку сакаат, да ми смислуваат разни дијагнози, фактите нема да се сменат – абе јас го измислив и го создадов тој, во мое време реномиран и ценет весник! Реномето по моето заминување, не го коментирам. Но, приказната за неговото создавање и за сопственичките односи и заебанции, е таа што ја раскажав јавно. Нема друга вистина.

Имате уште гомна за јадење, шапшали?

Паничен отстрел на критичарите пред конгресот на СДСМ

За крај на ова писание, редно е на јавноста да ѝ кажам која е суштината на оваа апсолутно недолична, брутална и простачка кампања на Бихаќка, што ја осудија целата демократска јавност, многу новинари (се охрабри и ЗНМ да ја осуди, ееееј!), но и многу членови и симпатизери на СДСМ.

За 24 јануари во новата 2026 година е закажан конгрес на СДСМ. Лидерот Венко Филипче со право стравува дека тоа ќе биде прилика многу поранешни и сегашни истакнати членови на таа партија да ги критикуваат Филипче и неговиот „мој до мојега“ тим (како што ги нарекува Мирослав Шиповиќ). Тие критики можат да осамнат во медиумите, на социјалните мрежи, но и на самата конгресна говорница. Нема да биде изненадување ако бидат побарани радикални и темелни промени во СДСМ, вклучувајќи и промени на раководството.

Паничната пи-ар стратегија на Бихаќка е да се идентификуваат актуелните и потенцијалните „критизери“, да се нападнат веднаш (пред конгресот), да се обвинат дека се во спрега со власта, да се лаже дека се платеници на Александар Вучиќ и на Христијан Мицкоски (тука некаде би требало да биде и улогата на Алта банка) и така целосно да се дисквалификуваат. До сега така беа дефамирани сите што искажаа зборови на критика за ова раководство на СДСМ октроирано од кланот Дубаи: Петре Шилегов, Саша Богдановиќ, Мирослав Шиповиќ, Јован Деспотовски. Списокот за отстрел е долг, ова е само почеток на информерската кампања на Филипче.

Како да се предизвика хаос во Македонија

Бонус идеја на оваа кампања е по можност и во Македонија да се предизвика општествена криза и хаос, какви што гледаме во соседните земји. Во Србија кризата ескалира и пикот веројатно ќе биде во следната 2026 година. Во европејска Бугарија видовме стотици илјади незадоволни луѓе на улиците, пад на владата и нова политичка криза. Политичка нестабилност регистрираме и во Албанија. Протести ја гушат и Грција. Во моментов, само во Македонија конфликтните интереси на општествените групи се разрешуваат во демократски процес, во фер изборни битки и во несовршените, од претходните влади сериозно оштетени, но сепак функционални институции.

Овој СДСМ и лузерската екипа на чело со Венко Филипче на ниту еден начин не можат да се факторизираат во услови на стабилен и демократски политички процес, не можат да остварат ни пристоен резултат на регуларни избори и засега не можат да го реализираат ни своето деструктивно влијание во институциите. Единствениот „спас“ за нив е криза, општествена аномија и хаос, какви што гледаме во нашето соседство и во некои западноевропски земји.

Тоа е приказната, драги мои. Воопшто не е наивна.

Некој денеска ме праша – а зошто сум јас битен во таа приказна?

Добро прашање. Па ајде навистина да бидам малку самобендисан, па да одговорам вака: мене Бихаќка ме препознава како алфа противник на ова раководство и на оваа стратегија на деструктивизам, затоа што умеам да ја прочитам, затоа што имам смелост да ја анализирам, а тоа никој да не мора да го плати со полна сметка во некоја банка, со станови какви што сум имал десетина и кусур (иако ова за „станот во Белград“ ме фрли во мисла, хахаха), со некаков квантен скок во кариерата какви што сум имал и премногу и со гладење на мојата суета што ја препозна уште Зоран Заев кога го растурив ко бугарска скупштина со аферата „Рекет“ (важно е што ми обели образ и не рече дека сум она другото, знаете што).

Тоа е. Истина разваљује …

Ќе се врати ли СДСМ дома на 24 јануари?

Сосема на крајот на ова писание, до следното соопштение од Штабот на будалите и до мојот следен одговор (којзнае, можеби и јас сум будала што воопшто им одговарам), би сакал уште еднаш да нагласам дека еден темелно реформиран, рестартиран и кадровски обновен СДСМ, способен да раѓа идеи и да произведува политики наместо јалови пи-ар шашми, навистина ѝ е потребен на Македонија.

Многу ми е жал ми е што тоа не може да го види доктор Венко Филипче и што дозволил СДСМ да стане партија киднапирана од неговата клика некадарници, од луѓе со сомнителен морал (за што и самите јавно сведочат, човече!), од луѓе нереализирани во кариерите (некои и без кариери, тупави партиски апаратчици), од луѓе коишто во себе го хранат злото и успеваат и од другите да го извлечат најлошото.

Колку треба да си паметен, Венко бе, да сфатиш дека тоа твое сидро не влече напред, туку – надолу, во милта?

Како непоправлив оптимист, сепак, би сакал да бидам меѓу првите што, еве, јавно ќе му посакам на СДСМ во новата 2026 година, по толку долго и безнадежно лутање, конечно да се врати дома. Време е. Колку порано, толку подобро. Можеби уште на 24 јануари …

Поврзани содржини