НAВРЕДИТЕ И ЕТИКЕТИРАЊАТА КОН ГЕРОСКИ СЕ ФОРМА НА ПРИТИСОК Реакција од АВМУ на деградирачкиот говор на СДСМ

Агенцијата апелира до сите политички субјекти да покажат повисоко ниво на одговорност во јавниот дискурс, да се воздржат од навредлив и деградирачки говор кон медиумските работници и да ја почитуваат улогата на медиумите.

232

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува загриженост поради навредливиот, омаловажувачки и деградирачки говор во соопштенијата на политичката партија Социјалдемократски сојуз на Македонија, насочен кон новинарот Бранко Героски.

Користењето на лични навреди, дисквалификации и етикетирања на новинари претставува форма на притисок која има обесхрабрувачки ефект врз слободното новинарство. Ваквиот начин на комуникација придонесува за продлабочување на поларизацијата во општеството, со што се поткопува демократијата и се врши индиректен притисок врз уредувачката независност.






Агенцијата во повеќе наврати апелира до сите политички субјекти да покажат повисоко ниво на одговорност во јавниот дискурс, да се воздржат од навредлив и деградирачки говор кон медиумските работници и да ја почитуваат улогата на медиумите како еден од столбовите на демократијата.

Поврзани содржини