📽️ ШОК ЗА НАУЧНИЦИТЕ ОД НАСА Пронајдена планета со форма на лимон

Планетата е идентификувана благодарение на вселенскиот телескоп „James Webb“ и тим од Лабораторијата за Земја и Планети на Институтот Карнеги во Вашингтон.

845

Иако истражувањето на вселената трае со години, сè уште има многу непознати работи. Најновото откритие на американската агенција НАСА е планетата PSR J2322-2650b, која изненадува со својата необична форма слична на лимон и единствена атмосфера.

Планетата е идентификувана благодарение на вселенскиот телескоп „James Webb“ и тим од Лабораторијата за Земја и Планети на Институтот Карнеги во Вашингтон.






Научниците од НАСА беа особено заинтригирани од атмосферата на егзопланетата, која содржи ретка комбинација од хелиум и молекуларен јаглерод. Таквиот состав е речиси нечуен и ја прави планетата PSR J2322-2650b исклучителна. Иако атмосферските феномени како што е „дијамантскиот дожд“ веќе се забележани на Нептун и Уран, составот на атмосферата на оваа планета е нешто сосема ново.

Егзопланетата изненадува и со својата форма и со позиција. Се наоѓа само на 1,5 километри од својата ѕвезда, што резултира со екстремно краток период на ротација – еден ден на оваа планета трае 7,8 часа. Силното гравитационо поле на пулсарот околу кој орбитира планетата предизвикува негово сплеснување, што го објаснува нејзиниот карактеристичен облик на лимон. Движењето на оваа нова планета е прикажано во анимација објавена од каналот на телескопот „James Webb“.

На оваа планета помеѓу 650 и 2.500 степени Целзиусови

Прелиминарните студии ја проценија масата на планетата како блиску до онаа на Јупитер, додека температурата на нејзината површина се движи помеѓу 650 и 2.500 степени Целзиусови. Питер Гао од лабораторијата Земјата и планетите призна дека откритието е огромно изненадување.

– Откако ги собравме податоците, нашата реакција беше: „Што е ова, по ѓаволите?“. Ова е нешто сосема различно од она што го очекувавме – вели Гао.

Роџер Романи од Универзитетот Стенфорд додаде:

– Убаво е да не се знае сè. Едвај чекам да дознаам повеќе за неверојатната атмосфера. Одлично е да имаш загатка за решавање.

Поврзани содржини