НИГЕРИЕЦ СО АМЕРИКАНСКИ ПАСОШ НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЕЦ ВО СКОПЈЕ Носел пиштол без дозвола

При извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол „глок“, две рамки и 30 куршуми за кои не поседувал дозвола, соопшти полицијата.

885

Полицијата ноќеска во Скопје уапси Нигериец кој нападнал полицаец и носел пиштол без дозвола.

„На 21.12.2025 во 04:30 часот пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода У.И.У.(37) од Нигерија, (со американски пасош и лична карта) поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. При извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол „глок“, две рамки и 30 куршуми за кои не поседувал дозвола“, соопшти полицијата.






По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, се додава во соопштението.

Поврзани содржини