ПИЈАН ВОЗАЧ УДРИЛ ВО ПОЛИЦИСКО ВОЗИЛО Пијаниот е уапсен, во сообраќајката нема повредени
Од извршеното алкотестирање кај П.П. се констатирани 1,86 промили алкохол во крвта по што тој веднаш е исклучен од сообраќај и лишен од слобода, соопшти полицијата од Дебар.
Дебарската полиција поднесе кривична пријава против П.П.(33) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Безобзирно управување со моторно возило.
„Тој, на 18.11.2025 година во 00.05 часот, кај месноста Шуланска раскрсница во близина на граничниот премин Блато кај Дебар, управувајќи возило „волксваген амарок“ со дебарски регистарски ознаки, удрил во службено полициско моторно возило „дачиа дастер“, управувано од полицискиот службеник А.Ш. од Дебар“, соопшти полицијата.
Повредени лица нема, се додава во соопшението.
„Од извршеното алкотестирање кај П.П. се констатирани 1,86 промили алкохол во крвта по што тој веднаш е исклучен од сообраќај и лишен од слобода“, соопшти полицијата од Дебар.