ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА НА МАКЕДОНИЈА СО ЕУ Е 13,8 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Дури 78% од македонскиот извоз завршува на европските пазари

Покрај трговијата, ЕУ има водечка улога во обезбедувањето поддршка за развојот на Македонија. Преку ИПА програмите се доделени над 265 милиони евра, меѓу кои и 80 милиони евра енергетска помош - поддршка којашто беше пресудна за заштита на домаќинствата и компаниите во периодот на енергетската криза.

230

Европската Унија е клучниот економски двигател за Македонија. Во изминатата година, трговската размена достигна 13,8 милијарди евра, што ја позиционира ЕУ како најважен и најголем трговски партнер на земјата.

Дури 78% од целиот македонски извоз завршува на европските пазари, што ја прави ЕУ незаменлив фактор за растот на индустријата, производство и пазарот на труд. Овој силен економски однос е поддржан и преку значајни директни странски инвестиции, од кои најголемиот дел потекнуваат од земјите-членки на ЕУ. Инвестициите во индустријата, технологијата, производството и инфраструктурата создаваат конкурентна економија, стабилни работни места и долгорочен развој.






Покрај трговијата, ЕУ има водечка улога во обезбедувањето поддршка за развојот на Македонија. Преку ИПА програмите се доделени над 265 милиони евра, меѓу кои и 80 милиони евра енергетска помош – поддршка којашто беше пресудна за заштита на домаќинствата и компаниите во периодот на енергетската криза.

Во 2025 година, Македонија стана првата земја од Западен Балкан што доби средства од Планот за раст на ЕУ – 52 милиони од вкупно 750 милиони евра, потврдувајќи дека земјата се движи во насока на реформи, усогласување со европските стандарди и поголем пристап до единствениот европски пазар. Европските средства придонесуваат за развој на поквалитетна инфраструктура, зелена енергија, подобри енергетски стандарди и поодржлива животна средина. Овие инвестиции не се само бројки – тие се реални проекти што ги подобруваат секојдневните услуги и ја забрзуваат економската трансформација на земјата.

Поврзани содржини