РАСИСТИЧКА СЛИКА Ѝ ЈА СИМНА КРУНАТА НА МИС ФИНСКА Сара Џафче казнета по јавен скандал

Првично, Џафче се обиде да се оправда. Тврдела дека гестот го направила поради силна главоболка. Но, по бурните реакции, таа се појави на прес-конференција и на Инстаграм каде се извинила за инцидентот, велејќи дека жали за повредените чувства на луѓето.

745

Финската манекенка Сара Џафче, која годинава ја носеше титулата Мис Финска, ја изгуби својата круна поради фотографија што ја потресе јавноста. На снимката, објавена на платформата „Јодел“, таа ги повлекува очите со прстите за да изгледаат косо и под неа напиша „јади со кинез“, гест што беше осуден како расистички кон Азијците.

Организаторите на изборот соопштија дека Финска не толерира дискриминација и дека титулата се одзема. Новата Мис Финска е Тара Лехтонен, прва придружничка на септемврискиот избор.






Првично, Џафче се обиде да се оправда. Тврдела дека гестот го направила поради силна главоболка. Но, по бурните реакции, таа се појави на прес-конференција и на Инстаграм каде се извинила за инцидентот, велејќи дека жали за повредените чувства на луѓето.

„Во иднина сакам да покажувам со дела, а не со зборови, каква Мис Финска сакам да бидам, ѕаа која поврзува, слуша и се однесува со топлина и разбирање“,  напиша таа на Инстаграм.

 

Поврзани содржини