ЧЕТВОРИЦА ШВЕЃАНИ УАПСЕНИ ЗА НЕЗАКОНИТ ЛОВ ВО ПРИЛЕПСКО Носеле 6 ловџиски пушки и свежо месо

На 11.12.2025 во 15.30 часот на место викано паркинг Штавица на патот Витолиште-Прилеп, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина ги лишија од слобода С.А.(46), Х.Ј.Ј.(48), П.Т.(46) и 16-годишник, сите од Шведска, како и Д.М.(76) од Кавадарци и К.М. (66) од Прилеп, соопшти полицијата.

475
Полицијата вчера уапси четворица Швеѓани и двајца Македонци во Прилепско поради тоа што вршеле незаконит лов. Од четворицата Швеѓани, еден е малолетник.
„На 11.12.2025 во 15.30 часот на место викано паркинг Штавица на патот Витолиште-Прилеп, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина ги лишија од слобода С.А.(46), Х.Ј.Ј.(48), П.Т.(46) и 16-годишник, сите од Шведска, како и Д.М.(76) од Кавадарци и К.М. (66) од Прилеп. Уапсени се поради сомнение за сторено кривично дело по член 228 од Кривичниот законик – Незаконит лов. При контрола на патничко возило мерцедес со шведски национални ознаки, кое го управувал С.А., а другите лица биле сопатници, пронајдени се 6 ловечки пушки, како и пакување со свежо месо, исечено на парчиња“, соопшти полицијата.
Тие се задржани во полициската станива Прилеп и по целосно документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава.
Поврзани содржини