СЕ ЧЕШЛААТ НАД 40 АВТОШКОЛИ, ПРАВЕЛЕ КАРТЕЛ? Комисија истражува индиции за „штелување на цените“

Увидот покажа индиции за можност автошколите да ги координирале цените на обуките, што е спротивно на член 7 став (1) од Законот за заштита на конкуренцијата, соопштија од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

2,834

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата започнала опсежна истрага за можни повреди на Законот за заштита на конкуренцијата во делот што ги регулира цените на автошколите. Истражувањето опфатило над 40 автошколи низ целата држава.

Од Комисијата соопштиле дека при увидот биле забележани сериозни индиции за усогласено однесување меѓу автошколите, што може да значи формирање ценовен картел при обуката на кандидатите за возачи.






„Увидот покажа индиции за можност автошколите да ги координирале цените на обуките, што е спротивно на член 7 став (1) од Законот за заштита на конкуренцијата“, соопштија од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Комисијата најави дека ќе продолжи со интензивно прибирање докази и со детална анализа на сите релевантни факти. Доколку се потврди дека навистина постои забрането договорно дејствување, ќе следуваат соодветни санкции, во согласност со законските одредби.

Од институцијата нагласија дека остануваат посветени на заштитата на фер пазарните услови и на интересите на потрошувачите, потенцирајќи дека секое нарушување на конкуренцијата директно ја оштетува јавноста и го нарушува интегритетот на економскиот систем.

Поврзани содржини