🎥 УКРАИНА ЗА ПРВ ПАТ НАПАДНА РАФИНЕРИЈА ВО КАСПИСКО МОРЕ Русија го освои украинскиот град Северск
Руската војска соопшти дека нејзина следна цел е да го заземе градот Славјанск, во кој живееја на повеќе од 100.000 луѓе пред почетокот на војната во 2022 година.
Рускиот претседател Владимир Путин и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов објавија дека е освоен источноукраинскиот град Северск, со што е отворен патот за понатамошни офанзиви.
– Ова значи дека сега се можни и други успешни напади во други насоки во источен Донбас = рече Путин за време на состанокот, емитуван на државната телевизија.
Украинската страна не коментира за наводното предавање на градот.
Руската војска соопшти дека нејзина следна цел е да го заземе градот Славјанск, во кој живееја на повеќе од 100.000 луѓе пред почетокот на војната во 2022 година.
– Стратешката иницијатива е целосно во рацете на руската армија, напредува заземањето на регионите Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје – рече Путин.
Тој не ги спомена тековните разговори за завршување на војната или мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп. Путин претходно ги опиша предлозите на Трамп како основа за преговори, но јасно стави до знаење дека Русија може да ги постигне своите цели на бојното поле, ако Киев ги отфрли условите на Москва за договор.
Путин бара Украина да го предаде целиот источен дел од Донбас во замена за прекин на огнот, односно да се повлече од териториите што сè уште ги контролира, што Киев категорично го отфрла.
На вчерашниот состанок, Путин ја потврди целта за „протерување на украинските формации од нашата територија и враќање на мирниот живот на земјата Донбас“.
Од друга страна и украинската војска ги возвраќа нападите, а ноќеска погодила голема руса рафинерија во Каспиското Море.
Министерството за одбрана на Руската Федерација сооопшти дека силите за противвоздушна одбрана ноќеска собориле 90 украински дронови над Русија.
– Синоќа, силите за противвоздушна одбрана на должност уништија 90 украински дронови: 63 над територијата на Брјанската област, 8 над територијата на Јарославската област, 4 над Московскиот регион, 3 беспилотни летала над териториите на Смоленската и Тверската област и над Црното Море, 2 над териториите на Тамбовската и Тулската област и еден над териториите на Орелската и Ростовската област – соопшти Министерството.
Локалните власти во градот Твер објавија дека 7 лица се повредени по напад со украински дронови.
Украина, пак, соопшти дека нејзините беспилотни летала со долг дострел погодија голема нафтена платформа во Каспиското Море, што означува нова ескалација во интензивираната кампања на Киев за прекинување на приходите од енергија со кои Москва ја финансира војната.
That’s what I call real sanctions: Ukraine is shutting down Russian oil production (alone!)
Reuters: Transneft warned Russian oil producers they may need to cut output due to Ukrainian drone attacks on export ports and refineries
Zelenskyy calls it sanctions that work faster 1/ pic.twitter.com/UpShFOPfKf
— Tymofiy Mylovanov (@Mylovanov) September 16, 2025
– Ова е првиот удар на Украина врз руската инфраструктура поврзана со производството на нафта во Каспиското Море – изјави извор од Безбедносната служба на Украина за Си-Ен-Ен, нарекувајќи го „уште еден потсетник за Русија дека сите нејзини претпријатија што прават војна се легитимни цели“.
Според украинските извори, погодена е нафтената платформа Филановски, во сопственост на Лукоил, за која се тврди дека е најголемото нафтено поле во рускиот сектор на Каспиското Море.
Ukraine has struck a large Russian oil platform in the Caspian Sea.
The Security Service of Ukraine (SBU) struck the Filanovsky offshore platform, operated by Lukoil-Nizhnevolzhskneft, marking Ukraine’s first strike against Russian oil production infrastructure in the Caspian… pic.twitter.com/u6UCzRnEqn
— Meanwhile in Ukraine (@MeanwhileInUA) December 11, 2025
Кампањата на Украина за длабоки напади врз руските енергетски објекти почна сериозно на почетокот на 2024 година, но од почетокот на август Киев значително ги засили своите напори, удвојувајќи го она што украинскиот комесар за санкции Владислав Власиук го нарекува „долгорочни санкции“ насочени кон најголемата финансиска линија на Русија. Украина сега се насочува кон сè поширок спектар на цели, вклучувајќи не само рафинерии, туку и инфраструктура за извоз на нафта и гас, цевководи, танкери, а сега и инфраструктура за дупчење.