БУГАРИ НИ ГО КРАДАТ КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО!? Уапсени се тројца со полно комбе оригинални народни носии

Полицијата заплени предмети кои се водат како културно наследство со забрана за промет, а против осомничените следуваат соодветни пријави.

469

Тројца државјани на Бугарија се уапсени вчера напладне во Демир Хисар, под сомнение дека извршиле кражба и незаконско изнесување на добра што се водат како културно наследство.

Полицијата соопшти дека околу 11:50 часот на улицата „Вељко Влаховиќ“, службеници од ОВР Демир Хисар ги привеле А.К. (44), К.К. (48) и В.Г. (50).






Првите двајца биле затекнати во патничко возило „фолксваген голф“ со бугарски ознаки, додека В.Г. управувал комбе „пежо боксер“, исто така со бугарски национални регистерски таблици. При прегледот на возилата била пронајдена поголема количина предмети и делови од народна носија, за кои осомничените не можеле да обезбедат доказ за потекло.

Етнолог од Музејот во Битола извршил стручна процена и утврдил дека се работи за делови од традиционални македонски народни носии кои се класифицирани како културно наследство. Овие предмети се со посебен режим — забранети се за продажба и промет без дозвола од надлежните институции.

Тројцата осомничени се задржани во полициска станица. Полицијата информира дека по целосното документирање на случајот и во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за делата „кражба“ и „изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.

Поврзани содржини