📽️ КРЕМЉ НАСЕДНА, ШЕГА ОД ХРВАТСКА ДОПРЕ ДО УШИТЕ НА ПУТИН „Шефе, ја корумпираа и албанската ВИ министерка, со биткоин!“

Володин, кој поверувал дека веста на хрватски ЊузБар за албанската ВИ министерка Диела е вистинита и дека Диела наводно примила 14 биткоини за одобрување тендер за автопат, го предупредил Путин дека тоа е „реален случај што треба да нè научи на претпазливост“.

1,062

„Во една земја од Европската Унија именуваа министерка која е вештачка интелигенција, а сега таа е под истрага за корупција“.

Вака му рекол претседателот на Државната дума Вјачеслав Володин на рускиот лидер Владимир Путин, повикувајќи се на вест од хрватскиот сатиричен потал ЊузБар.






Володин, кој поверувал дека веста на ЊузБар за албанската ВИ министерка Диела е вистинита и дека Диела наводно примила 14 биткоини за одобрување тендер за автопат, го предупредил Путин дека тоа е „реален случај што треба да нè научи на претпазливост“.

Наводната „вест“ била чиста фикција. Меѓу другото, порталот напишал дека Диела ќе ја брани ЧатГПТ, а до крајот на истрагата нејзините должности ќе ги преземе „стар модел Casio калкулатор“.

Пред да стигне до Володин, сатиричната приказна на NewsBar беше објавена од неколку големи руски новински канали на Телеграм, секој со стотици илјади следбеници. Се претпоставува дека токму тука Володин, или некој од неговиот тим, ја прочитал веста и ја прифатил како вистинита.

 

Володин подоцна снимката од седницата на Советот на Државната дума ја објавил и на својот канал, без да сфати дека бил жртва на сатира.

Хрватски ЊузБар потоа објави саркастично соопштение:

„Драго ни е што руските власти ги следат нашите написи – следната недела објавуваме нова серија закони за квантна магија и невидливи тенкови.“

Албанија, иако не е членка на ЕУ, навистина го отпочна проектот за интеграција на вештачка интелигенција во јавната администрација, наречен Диела, но таа е софтвер, а не вистинска личност.

Реакциите за Диела во регионот беа мешани. Албанскиот премиер Еди Рама тврди дека таа ќе го осигура спротивното – да се спречи корупцијата во Албанија.

Поврзани содржини