8 ДЕНА ПРИТВОР ЗА КРАВАРИТЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА Обвинителството се сомнева дека тие повторно ќе ги малтретираат соселаните

Таткото и двете ќерки беа лишени од слобода бидејќи попречувале полициски службеници и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) при извршување службени дејствија, соопшти полицијата.

605

Сопственикот на кравите и неговите две ќерки од Крива Паланка ќе одат во осумдневен притвор, дознава Телма.

Тројцата беа лишени од слобода бидејќи попречувале полициски службеници и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) при извршување службени дејствија, соопшти полицијата.






На 02.12.2025 околу 16:00 часот во село Трново, Кривопаланечко, кај место викано „Самоков“, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка ги лишија од слобода таткото Г.Ѓ.(57) и неговите ќерки А.Ѓ.(30) и А.Ѓ.(22), сите од селото Жидилово, Кривопаланечко. Тие имале повеќе од 500 крави.

Јавниот обвинител, имајќи ја предвид опасноста од бегство, но и можноста за повторување на делото, до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за сите осомничени.

Според обвинителството, од однесувањето на семејството произлегува дека и покрај сите досега преземени активности од голем број надлежни државни органи, осомничените сепак подолг временски период го малтретираат месното население и соседите, а сега започнуваат дејствија на спречување и спрема вработени во надлежни државни органи и инспекциски служби од Агенција на храна и ветеринарство, како и на униформирани полициски службеници.

Поврзани содржини