УШТЕ ФИЛИПЧЕ ЗБОРОТ НЕ ДОРЕЧЕ… Сите членови на ИО на СДСМ си дадоа оставки

„Оставките се поднесени до Централниот одбор на партијата и до претседателот Филипче, кој го води процесот на внатрешни реформи во СДСМ“ – соопшти партијата.

3,020

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на предлог на претседателот д-р Венко Филипче, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските секретари, како и сите членови на Извршниот одбор поднесоа оставки, објави партијата.

„Оставките се поднесени до Централниот одбор на партијата и до претседателот Филипче, кој го води процесот на внатрешни реформи во СДСМ.






Со овој одговорен и морален чекор раководството на СДСМ отвори простор за ново поглавје.

Следува период на кадровско освежување и зајакнување, вклучување и на нови лица, организациска поставеност, внатрешна мобилизација, за нова сила и нова енергија на СДСМ.

На една од наредните седници на Централниот одбор, претседателот Филипче ќе предложи избор за членови за органите на партијата, а за функциите ќе се бираат најкомпетентни личности“ – се вели во соопштението на партијата.

Претходно, во настап на ТВ Телма претседателот на партијата објави дека има намера да предложи распуштање на Извршниот одбор на партијата.

ФИЛИПЧЕ БАРА РАСПУШТАЊЕ НА ЦЕЛИОТ ИЗВРШЕН ОДБОР НА СДСМ Таму го гледа изворот на проблемите во партијата

Поврзани содржини