СЕЛЕНОТ ВЛИЈАЕ НА ПРАВИЛНАТА ФУНКЦИЈА НА МОЗОКОТ, ИМУНИТЕТОТ И ПЛОДНОСТА Овој важен минерал најмногу го има во еден јаткаст плод
Ниските нивоа на селен во крвта се поврзани со разни воспалителни состојби, вклучувајќи проблеми со цревата.
Селенот е суштински минерал во трагови кој е многу важен за здравјето и иако ни е потребен во релативно мали количини, тој е неопходен за многу телесни процеси: влијае на правилната функција на мозокот и когнитивната функција, зa здрав имунолошки систем и за плодноста кај мажите и жените.
Селенот учествува во превенцијата од кардиоваскуларни заболувања, придонесува за метаболизмот на тироидните хормони и синтезата на ДНК и помага во заштитата од оксидативно оштетување и инфекции.