ОД ОВДЕ ДО ВЕЧНОСТА Музичкиот могул признава дека сакал да го замрзнат, но потоа дознал дека треба да му ја исечат главата…

Во неодамнешно интервју Сајмон Ковел ја откри својата моментална рутина, објаснувајќи дека оди во велнес клиника каде што му се зема крв која потоа се прочистува и повторно се инјектира во неговото тело. Во документарецот за Нетфликс открива дека имал план и да биде замрзнат

1

Музичкиот могул Сајмон Ковел откри дека се збогувал со своите стари навики кои биле поврзани со многу забави и сега е здрав семеен човек, а тврди дека дури и се обновил.

Во неодамнешно интервју тој ја откри својата моментална рутина, објаснувајќи дека оди во велнес клиника каде што му се зема крв, се прочистува и повторно се инјектира во неговото тело.






– Ги правиш сите овие тестови и тие ти кажуваат колку години имаш – па јас во основа се обновив себеси со подобра исхрана, повеќе вежбање, помалку стрес и одредени додатоци. Мојот мозок е сè уште таму, сè уште имам енергија – рекол тој.

Но, Ковел имал и други големи планови, како што открил во претстојниот документарец.

– Всушност сакав да се замрзнам. Помислив, зошто да не? Потоа дознав дека ти ја сечат главата, па за две илјади години се враќаш како лебдечка глава, и си реков: „Не, не го сакам тоа“.

Ѕвездата доживеа неколку ужасни несреќи во последните години, што го натера да биде повнимателен од кога било за своето здравје. Првата беше во 2017 година кога падна по скалите од својот дом во Лондон.

Пред пет години доживеа сериозна несреќа кога го скрши грбот откако падна од електричен велосипед.

Ѕвездата, кој стана татко во 2014 година кога со партнерката Лорен Силверман го добија синот Ерик, исто така призна дека секој ден разговара со себе и со својот „ангел чувар“.

– Имам ангел чувар и разговарам со него за мирот. Тоа е сè што сакам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Simon Cowell (@simoncowell)

Минатата година, Сајмон Ковел призна дека сè уште му е благодарен на својот син Ерик што го спасил во најтемниот период од неговиот живот. Во 1999 година, починал неговиот татко, а 16 години подоцна и неговата мајка, а потоа се нашол во црна дупка, кога повеќе не гледал никаква смисла пред себе. Но, потоа неговата свршеница Лорен му се јавила и му кажала дека е бремена. Признава дека раѓањето на неговиот син го вратило во живот.

Сега Нетфликс објави трејлер за нова документарна серија „Simon Cowell: The Next Act“, во која музичкиот могул е во потрага по следниот голем бенд.

Поврзани содржини