ОКТОМВРИ ИСПИША НОВИ МИЛИОНЕРСКИ ПРИКАЗНИ Видеолотарија исплати 1,25 милиони евра добивки

Видеолотарија Касинос Австрија исплати речиси 77 милиони денари во октомври, потврдувајќи ја лидерската позиција и довербата на играчите во ВЛТ-системот.

17

Видеолотарија Касинос Австрија и овој октомври ја потврди репутацијата на компанија која исплаќа најмногу добивки во земјава. Само во периодот од 1 до 31 октомври 2025 година, играчите на ВЛТ-терминалите ширум Македонија инкасирале вкупно 76.857.922 денари, односно околу 1,25 милиони евра.

Од компанијата соопштуваат дека зад овие бројки стојат илјадници индивидуални приказни, а најмногу среќа овој месец имале добитниците на трите најатрактивни џекпот категории.






Според официјалните податоци, во октомври биле евидентирани:

– 5 добитници на СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот, кои поделиле вкупно 31.622.514 денари,

– 23 МИЛИОНЕР џекпот добитници, со исплатени 34.358.417 денари,

– МИНИ џекпот добивки, кои на играчите им донеле уште 10.876.991 денари.

Од Видеолотарија порачуваат дека ваквите резултати не се случајни.

– Октомври уште еднаш покажа дека среќата е со ВЛТ. Годинава продолжуваме да испишуваме нови среќни приказни и да го наградуваме доверливиот избор на нашите играчи. Транспарентноста и регуларноста секогаш ни биле врвен приоритет – велат од Видеолотарија Касинос Австрија.

Компанијата веќе повеќе од една деценија работи според највисоки меѓународни стандарди, а довербата ја гради преку долгорочна стабилност и постојани исплати. За последните 11 години, Видеолотарија на играчите низ државата им има исплатено над три милијарди денари, што ја позиционира како еден од најзначајните субјекти во областа на електронските игри на среќа.

Поврзани содржини