НЕМА ДА БИДЕТЕ ТУКА ДОЛГО, САД ТРАЈНО ЌЕ ЈА ЗАПРАТ МИГРАЦИЈАТА ОД ТРЕТИОТ СВЕТ Трамп најави депортација и одземање државјанства

Трајно ќе ја сопрам миграцијата од сите земји од третиот свет, за да овозможам целосно закрепнување на американскиот систем. Ќе ги прекинам сите милиони нелегални приеми на Бајден и ќе ги отстранам сите што не се способни да ја сакаат нашата земја, најави американскиот претседател Доналд Трамп.

922

Американскиот претседател Доналд Трамп објави драстична мерка – трајно суспендирање на миграцијата од сите „земји од третиот свет“. Големата одлука дојде неколку дена по смртоносното пукање во близина на Белата куќа, во кое вооружениот напаѓач, авганистански државјанин, уби припадничка на Националната гарда.

Трамп вели дека целта на оваа забрана  е да му се овозможи на американскиот имиграциски систем „целосно да се опорави“ и да се спречи нелегалниот влез во земјата.






На социјалната мрежа Икс, претседателот Трамп објави дека американската имиграциска политика, и покрај технолошкиот напредок, „ги еродирала тие придобивки и услови за живот за многумина“.

„Трајно ќе ја сопрам миграцијата од сите земји од третиот свет, за да овозможам целосно закрепнување на американскиот систем. Ќе ги прекинам сите милиони нелегални приеми на Бајден, вклучително и оние потпишани со автоматското пенкало на Заспаниот Џо Бајден и ќе ги отстранам сите што не се нето средства за Соединетите Држави или не се способни да ја сакаат нашата земја. Ќе ги прекинам сите федерални бенефиции и субвенции за лицата кои не се државјани на нашата земја, ќе им ги одземам државјанствата на мигрантите што го поткопуваат домашниот мир и ќе го депортирам секој странски државјанин што е јавен товар, безбедносен ризик или не е компатибилен со западната цивилизација“, напиша Трамп на Икс.


„Овие цели ќе бидат имплементирани со цел да се постигне значително намалување на нелегалното и деструктивно население, вклучително и оние примени преку неовластениот и нелегален процес на одобрување со автоматско пенкало. Само обратната миграција може целосно да ја излечи оваа ситуација. Освен тоа, СРЕЌНА БЛАГОДАРНОСТ НА СИТЕ, освен оние кои мразат, крадат, убиваат и уништуваат сè за што се залага Америка – Нема да бидете тука долго“, категоричен е Трамп.

Објавата на Трамп е директна реакција на шокантниот напад што се случи само неколку блока од Белата куќа. Напаѓачот им се приближил на членовите на Националната гарда Сара Бекстром и Ендру Волф и запукал во нив од блиску.

Дваесетгодишната Бекстром почина како резултат на повредите, што го потврди самиот Трамп.

– Сара Бекстром од Западна Вирџинија, еден од гардистите за кои зборуваме, високо почитувана, млада, величествена личност… Таа штотуку почина. Таа повеќе не е со нас – рече тој претходно денеска.

Нејзиниот колега, 24-годишниот Волф, останува во критична состојба.

Рахманула Лаканвал, 29-годишен маж од Авганистан кој се преселил во САД во 2021 година, по повлекувањето на американските сили, бил идентификуван и уапсен како осомничен за нападот. Службените лица сè уште не го потврдиле мотивот за нападот.

Овој инцидент веќе предизвика конкретни потези. Министерството за државјанство и имиграција на САД на неодредено време ја суспендира обработката на сите барања за имиграција од авганистански државјани.

„Заштитата и безбедноста на нашата татковина и американскиот народ остануваат наш единствен фокус и мисија“, се вели во соопштението.

Неколку минути пред неговата голема објава за запирање на миграцијата, Трамп сподели фотографија на социјалните мрежи од авганистански бегалци кои се евакуираат со воени авиони во 2021 година.

„Ова е дел од ужасен воздушен мост од Авганистан. Стотици илјади луѓе влегоа во нашата земја целосно неконтролирано. Ќе го поправиме тоа, но никогаш нема да заборавиме што направија расипаниот Џо Бајден и неговите бандити во нашата земја“, објави Трамп.

 

Фото: Принтскрин

 

Поврзани содржини