МАЛОЛЕТНИЧКА НАСИЛНО ВЛЕЧЕНА ВО ВОЗИЛО Поранешниот партнер ѝ упатувал закани и физички ја нападнал
Полицијата работи на расчистување на случајот, а против напаѓачот ќе биде поднесена кривична пријава.
22-годишниот И.Ј. од Скопје насилно ја внел својата поранешна 15-годишна партнерка во автомобил „фолксваген голф“ на подрачјето на Ѓорче Петров и притоа ја нападнал и ѝ упатувал закани.
Инцидентот се случил на 24 ноември околу 19:30 часот.
Следниот ден, мајката на девојката го пријавила случајот во полиција, по што започнати се мерки за целосно расчистување на нападот. По завршување на постапката, против И.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.