СИ ЈА УКИНАЛА СТАРАТА ФУНКЦИЈА И СИ ОТВОРИЛА НОВА Директорка од Битола сама си се унапредила, сега ќе одговара пред законот

Пријавената директорка го менувала Актот за систематизација за лична корист, спротивно на законите, случајот го презема обвинителството.

1,311

Директорката на Националната установа „Завод и музеј“ – Битола, М.С. (53), сама донела одлука да се унапреди и за себе да отвори повисоко работно место, информираат од полицијата. Притоа, таа го укинала претходното работно место „виш кустос“ и си создала ново „кустос советник“, позиција која е едно ниво повисоко.

Според СВР Битола, ваквата промена на Актот за систематизација била направена спротивно на Законот за вработени во јавен сектор и Законот за работни односи. Со тоа, пријавената, според истрагата, несовесно постапила во извршувањето на своите службени овластувања.






Полицијата ја товари за кривично дело „несовесно работење во службата“, а предметот е доставен до надлежното обвинителство за понатамошна постапка.

Поврзани содржини