ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ ВО ЗДРАВСТВОТО Новиот систем ги спојува приватните и јавните лекари

Министерот Алиу најави стабилизација на примарното здравство, нови онколошки услуги низ државата и систем во кој средствата ќе го следат пациентот, а не установата.

409

Министерот за здравство Илир Алиу во гостување во „Топ Тема“ на Телма изјави дека првата фаза од реформите во здравствениот систем ќе биде насочена кон стабилизација на примарното здравство, бидејќи дури 70 проценти од пациентите во моментов гравитираат кон Скопје, особено кон кампусот „Мајка Тереза“, иако дел од услугите припаѓаат на примарно или секундарно ниво, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Според Алиу, во тек е процесот на регионализација, со фокус на подобрување на онколошките услуги на амбулантско ниво. Тој појасни дека Градската болница е при крај со административните подготовки, со што таму ќе може да се нудат онколошки здравствени сервиси без потреба пациентите да патуваат до Скопје.






– Во КБ Битола онколошката служба веќе функционира, а исти подготовки се прават и во КБ Тетово. Сме многу внимателни, мора да се дефинира и финансискиот момент за секоја установа и услуга. Во Битола веќе имаме три медицински сестри и еден физичар кои шест месеци ќе работат на Клиниката за онкологија во Скопје за да се вратат назад и да опслужуваат терапија – рече министерот.

Во однос на меморандумот за соработка со приватните здравствени установи, кој се потпишува за првпат, Алиу изјави дека системот веќе функционира и дека приватните и јавните здравствени работници заедно нудат услуги без застои.

– Според системот на ДРГ, граѓаните и досега можеа да избираат каде ќе се лекуваат – во приватна или во јавна установа – но тоа не е доволно. Ако примарното здравство не може да ја даде услугата која е дефинирана во здравствената патека, средствата нема да се префрлат таму, туку ќе го следат пациентот и институцијата каде навистина ги добил услугите – нагласи Алиу.

Поврзани содржини