НОВОГРАДБА ОД СОСЕДОТ Ѝ ГО „СОЅИДАЛА“ ПРОЗОРЕЦОТ Тетовчанка бара заштита од институциите

Велјановска го обжалила одобрението пред Управен суд и пред Виш управен суд, но веќе шест месеци за нејзината жалба нема одлука.

794

Домот на тетовчанката Живка Велјановска остана без природна дневна светлина, откако новоизграден објект веднаш до нејзината куќа ѝ го затвори прозорецот, и покрај нејзините поплаки и жалби до надлежните служби, објави телевизија Телма.

Според сторијата на телевизијата, за новоизградениот објект општина Тетово дала одобрение за градба кое било поништено од Министерството за транспорт и врски. Потоа соседот побарал ново одобрение за градба од општината кое било прифатено и од второстепена комисија во Министерството.






Велјановска го обжалила и ова второ одобрение пред Управен суд и пред Виш управен суд, но веќе шест месеци за нејзината жалба нема одлука, а соседот во меѓувреме ја подигнал својоата карабина и целосно го соѕидал прозорецот на тетовчанката.

– Освен што се соочуваме со неправда има и постојани проблеми и закани од соседот. Сме повикале и полиција и инспекција и сите надлежни институции, нема кај не сме биле, но никој ништо не ни помага. Се вртиме во лавиринт. Ни изгради објект позади, ни затвори прозири, ја исече стреата, куќата ни ја разниша, олуците ги оштети, чатија треба да се направи. Не не пушта да исчистиме горе оџак, паѓаат ќерамиди – се жали граѓанката на Тетово во сторијата на Телма.

Телевизијата побарала, но не добила образложение од Општина Тетово и Министерството за транспорт и врски како е можно за истиот предмет еднаш да не се дозволува градба, а со второто барање да му се одобри градењето на соседот на Велјановска.

Поврзани содржини