ОД РЕВИЗИЈА ДО АМНЕСТИЈА – КЛУЧНА ТОЧКА БИЛА СМЕНЕТА ВО ПЛАНОТ НА ТРАМП Зеленски е спремен да соработува за мир во Украина

На Украина ѝ е потребен мир и Украина ќе направи сè за никој во светот да не може да каже дека ја попречуваме дипломатијата. Ова е важно, рече украинскито лидер во своето вечерно видео обраќање, додавајќи дека украинската страна нема да дава „проблематични изјави“.

2,057

Украина тивко ја измени клучната точка во американскиот мировен план предложен од Доналд Трамп, онаа што се однесува на контролата на корупцијата во Киев, јави „Волстрит џурнал“.

Според написот, првичниот документ предвидувал ревизија на сета меѓународна помош дадена на Украина, со цел да се идентификува злоупотребата на средствата. Новата верзија, објавена онлајн, веќе ги содржи амандманите на украинската влада, и предвидува целосна амнестија за сите страни во конфликтот.






По средбата со американската делегација во Киев, претседателот Володимир Зеленски избегна да даде остра реакција, но ја потврди подготвеноста на Украина за конструктивен дијалог.

– На Украина ѝ е потребен мир и Украина ќе направи сè за никој во светот да не може да каже дека ја попречуваме дипломатијата. Ова е важно – рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање, додавајќи дека украинската страна нема да дава „проблематични изјави“.

Според украинскиот претседател главната задача за сите е конструктивен дипломатски процес со САД и со сите партнери на Украина.

– Клучно е да имаме стабилна поддршка за нашата војска и за сите наши планирани одбранбени операции и длабински напади – истакна тој.

Европските сојузници на Киев реагираа воздржано на најновата американска иницијатива, која се чини дека во голема мерка ги фаворизира руските интереси. Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, инсистираа на учество на Украина и Европа во можните преговори.

Шефот на Кремљ, Владимир Путин, нагласи дека Русија ќе стои зад своите воени цели во Украина.

– Имаме наши заеднички задачи, наши цели. Најважно е безусловно да се постигнат целите на специјалната воена операција – рече Путин, според наводите на Кремљ, за време на посетата на командниот центар.

Руските сили објавија дека го освоиле Купјанск.

Поврзани содржини