МИР ЗА ВРЕМЕ НА ОЛИМПИЈАДАТА 2026 Обединетите нации со резолуција повикаа на олимписко примирје

Документот се состои од 9 точки, од кои првата повикува на почитување на Олимпиското примирје во периодот од 7 денови пред почетокот на Олимписките игри до 7 денови по затворањето на Параолимписките игри.

123

Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која се повикува на олимписко примирје за време на Зимските олимписки игри (ЗОИ) што ќе се одржат во Милано и во Кортина д’Ампецо во 2026 година.

Нацрт-резолуцијата, насловена „Градење помирен и посреќен свет преку спортот и олимпискиот идеал“, беше усвоена со консензус.






„Мораме да работиме заедно, за да го одвоиме спортот од политиката. Ова значи дека спортистите мора да можат да патуваат до земјите домаќини и да се натпреваруваат, а не да се соочуваат со заканата да бидат заглавени дома, затоа што им се одбиени визи од политички причини“, изјави претседателката на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Кирсти Ковентри, пред гласањето.

Документот се состои од 9 точки, од кои првата повикува на почитување на Олимпиското примирје во периодот од 7 денови пред почетокот на Олимписките игри до 7 денови по затворањето на Параолимписките игри.

ЗОИ 2026 ќе се одржат од 6 до 22 февруари во Италија, во Милано и во Кортина д’Ампецо.

Поврзани содржини