СДСМ НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ И ВОДИ НЕКРОФИЛСКА ПОЛИТИКА ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ Мицкоски предупреди дека опозицијата врши политичко влијание пред судењето за пожарот

Премиерот Христијан Мицкоски посочи на лицемерноста на опозиција, која од една страна вели дека имаме квалитетни обвинители и судии, а од друга страна не им верува и бара анкетна и надзорна расправа во Собранието.

150

 

Судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани мора да се одвива без политичко влијание, иако некои се обидуваат на него да градат политичка кариера, истакна вечерва премиерот Христијан Мицкоски.






– Лично мислам дека мора така да биде, не може да биде поинаку. Е сега, има тука одредени политички партии што на овој случај, за жал, на маката на луѓето кои ги изгубија своите најмили, се обидуваат да градат политичка кариера. И затоа не можеме да кажеме дека нема политичко влијание, бидејќи тие политичари и тие политички партии се обидуваат да ја злоупотребат оваа мака – рече Мицкоски во гостување на Телма.

Премиерот додаде дека тие партии континуирано испраќаат политички пораки, додека, за разлика од нив, тој цело време молчи и остава обвинителството и судовите да ја завршат својата работа.

– Да имаме фер судење, да имаме судење коешто јасно ќе детектира кои се виновниците, кои не се виновни итн. – рече Мицкоски.

Премиерот посочи дека ја поддржува одлуката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за анкетна и надзорна комисија за сите трагедии што се случија изминативе години. Апсолутно сите виновници, нагласи Мицкоски, треба да се изнесат пред лицето на правдата. Граѓаните, додаде премиерот, треба да видат кој е тој кој злоупотребил и направил грешка и кој е виновен.

– Јас многу внимателно ја слушам дебатата во јавноста последниве денови. Од опозицијата стигаат какафонични пораки. Да речеме претседателот на СДСМ од една страна обвинува дека судството и обвинителството се под политички притисок од оваа Влада која што јас ја предводам, и сега, кога овој случај е таму, во обвинителството и започнува во судот, вели не, дебатата да ја пренесеме во Парламентот. Тоа тие не го прават за да ја истераат работата до крај, бидејќи тие немаат алатки, ниту пак кредибилитет. Тоа го прават исклучиво за политизирање и тоа е она најниска форма на политика, некрофилска политика која што ја води тој и другите помали политички партии – рече Мицкоски.

Тој посочи на, како што рече, лицемерноста на опозиција, која од една страна вели дека имаме квалитетни обвинители и судии, а од друга страна не им верува и бара анкетна и надзорна расправа.

 

Поврзани содржини