ДИЈАНА ХРКА ПО 16 ДЕНА ГО ПРЕКИНА ШТРАЈКОТ СО ГЛАД Останува во шаторот пред српскиот парламент

Дијана Хрка го започна штрајкот со глад на 2 ноември, ден по големиот комеморативен собир во Нови Сад одржан на годишнината од несреќата. Таа бараше надлежните органи да ги испрашаат и да ги приведат сите лица осомничени за падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, да ги ослободат сите нелегално притворени студенти и да распишат вонредни парламентарни избори.

225

Дијана Хрка објави дека го прекинува штрајкот со глад пред собранието на Србија во Белград што траеше 16 денови.

– Кога реков дека се оградувам од студентите и граѓаните, ме разбраа погрешно. Се оградив за никој да не штрајкува со мене. Ќе ги повикам студентите и граѓаните на состанок за да се договориме, добив благослов од двајца свештеници да го прекинам штрајкот, од медицинските работници, од децата повик да го прекинам штрајкот со глад. И јас од денеска ќе го прекинам штрајкот – рече Хрка.






Можам да направам многу повеќе ако сум жива, додаде таа.

– И ќе направам, ќе поместам многу граници… Останувам тука, нема да го напуштам шаторот – рече Хрка.

Синот на Дијана Хрка загина во падот на бетонската настрешница лани во Нови Сад.

Дијана Хрка го започна штрајкот со глад на 2 ноември, ден по големиот комеморативен собир во Нови Сад одржан на годишнината од несреќата. Таа бараше надлежните органи да ги испрашаат и да ги приведат сите лица осомничени за падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, да ги ослободат сите нелегално притворени студенти и да распишат вонредни парламентарни избори.

Поврзани содржини