МЕДВЕДЕВ ЗНАЕ КОЈ ГО ПРЕДАДЕ ЗЕЛЕНСКИ ЗА „МИДАС“? Само тие можат да го погубат, па пак да го помилуваат

Кој го предаде лошиот музичар? Не Европа, не НАТО. Само Вашингтон е способен да ги погуби и помилува своите кучкини синови. Студениот ветер дуваше оттаму, напиша Медведев на Телеграм.

1,020

Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, изјави дека САД го „предале“ украинскиот претседател Владимир Зеленски, тврдејќи дека сегашната американска администрација „повеќе не му верува“.

„Кој го предаде лошиот музичар? Не Европа, не НАТО. Само Вашингтон е способен да ги погуби и помилува своите кучкини синови. Студениот ветер дуваше оттаму“, напиша Медведев на Телеграм.






Тој оцени дека Зеленски секојдневно губи потези „на шаховската табла“.

Во меѓувреме, весникот Спектатор објави дека корупциски скандал поврзан со бизнисменот Тимур Миндич, ко-сопственик на „Квартал 95“ и близок соработник на Зеленски, може да доведе до негова оставка. Украинските обвинители го водат случајот под кодното име „Мидас“.

Поврзани содржини