КРАЛИЦА НА ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ Џенифер Лопез во фустан со најголемо деколте досега

Кажете што сакате, но неа со години ѝ нема рамна на црвениот тепих - го коментираат на Инстаграм модното издание на Џеј Ло на доделувањето на наградите „Governors“.

1,196
Џенифер Лопез (56) беше најгламурозно облечената гостинка на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Governors“, благодарение на раскошна тоалета со драматичен крој, со корсет, плишани детали што создаваа израз во облик на срце на градите и помпезно здолниште што потсетуваше на фустани од старото, златно доба на Холивуд.
А нејзиниот фустан е токму тоа – комбинација од фустани од некои минати времиња и модерни дизајнерски идеи. Долги плишани ракавици и секако нејзината харизма исто така придонесоа за гламурот.
– Изгледа неверојатно, Таа е најубава, Каква жена, пишуваат корисниците на Инстаграм кои ја прогласија за кралица на црвениот тепих.
Косата собрана во пунџа со елементи на лежерен шик и шминка во природни тонови го заокружија нејзиниот стил, обележан со поизразено деколте од кога било. Џеј Ло ги покажа своите гради максимално и дури ја засени Сидни Свини, која се претстави во вакво издание.
Додека многумина ја фалат убавината на Џенифер Лопез, некои истакнуваат дека дивата изгледала доста уморно на црвениот тепих, па дури и ги бројат брчките на лицето и вратот, забележувајќи дека токму во овој дел од нејзиното тело годините се најзабележливи.
Сепак, преовладуваат коментарите дека Џенифер Лопез приреди вистински спектакл на оваа гала церемонија и тоа, во жестока конкуренција.
Поврзани содржини