ПРОНАЈДЕНИ ДВЕТЕ ЖЕНИ КОИ СЕ ИЗГУБИЈА КАЈ ДРИСЛА Не станува збор за странски државјанки

Жените се пронајдени на патот помеѓу скопските села Долно Количани и Батинци.

175

Двете жени, кои денеска пријавија дека се загубиле, се пронајдени на пат помеѓу скопските села Долно Количани и Батинци, но тие не се странски државјанки, туку се од земјава, соопшти Центарот за управување со кризи.

Жените се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево.






– Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски државјанки, туку за државјанки на Македонија, наведува ЦУК.

Претходно соопшти дека преку единствениот број за итни повици 112 била добиена информација дека две жени кои патувале со возило, се изгубиле во реонот на патот кон Дрисла.

– ЦУК е во постојана комуникација со МВР и Полициската станица Драчево, од каде е побарано упатување екипа на терен. Полициска екипа од ПС Драчево е веќе упатена кон локацијата и постапува по случајот. Акцијата е во тек, информираше попладнево ЦУК.

Поврзани содржини