ПОЛИЦАЕЦ СЕ РАНИ СО СЛУЖБЕНИОТ ПИШТОЛ НА МЕЏИТЛИЈА Рутинска проверка заврши со куршум во рака
Несреќен случај на граничниот премин Меџитлија, полициски службеник се прострелал додека го проверувал сопственото оружје.
Полициски службеник е повреден во несреќен случај на Граничниот премин Меџитлија, откако при проверка на сопственото службено оружје испукал еден куршум и си нанел повреда на раката.
Инцидентот се случил вчера околу 14 часот. Според првичните информации, полицаецот изведувал рутинска проверка на пиштолот кога дошло до ненамерно пукање. Колегите веднаш реагирале и му помогнале додека пристигнеле службите за итна медицинска помош.
Во тек е истрага за да се утврдат сите околности на инцидентот. На местото на настанот биле повикани претставници на внатрешната контрола и трудов инспектор, а бил известен и јавен обвинител.