🎥 ДЕБАКЛ НА ПРВИОТ РУСКИ ХУМАНОИДЕН РОБОТ Се сруши на претставувањето во Москва

Извршниот директор на компанијата, Владимир Витухин, го коментираше инцидентот за рускиот медиум РБК. Тој нагласи дека роботот претходно бил тестиран во различни услови и изјави дека падот можел да се случи поради недоволно осветлување на сцената или технички дефект.

618

Првиот руски хуманоиден робот, наречен АИДОЛ, доживеа неславно деби во Москва. Само неколку секунди откако беше претставен на публиката и стапна на сцената, роботот се сруши, а снимките од несреќата брзо се проширија на социјалните медиуми.






Извршниот директор на компанијата, Владимир Витухин, го коментираше инцидентот за рускиот медиум РБК. Тој нагласи дека роботот претходно бил тестиран во различни услови и изјави дека падот можел да се случи поради недоволно осветлување на сцената или технички дефект.

Според она што го посочија од компанијата Аидол изразува десетина емоции и стотици микро-изрази, при што 77% од неговите компоненти се произведени во Русија.

Поврзани содржини