НОРДИСКИТЕ И БАЛТИЧКИТЕ ЗЕМЈИ СОБРАА 500.000 ДОЛАРИ ЗА УКРАИНА Наменети се за купување оружје од САД
Од суштинско значење е Украина брзо да добие витална одбранбена опрема - рече финскиот министер за одбрана Анти Хакинен.
Нордиските и балтичките земји денеска објавија дека ќе обезбедат 500 милиони долари (430 милиони евра) за програма создадена од Вашингтон и НАТО за купување американско оружје за Украина.
Овој износ ќе биде доделен за купување воена опрема и муниција во рамките на фонд управуван од САД, кој им овозможува на европските земји да го финансираат трансферот на американско оружје во Киев, наречен Листа на приоритетни потреби на Украина (ПУРЛ), соопштија Финска, Данска, Естонија, Исланд, Летонија, Литванија, Норвешка и Шведска во заедничка изјава.
Овој механизам, кој овозможува купување оружје од американски залихи, беше лансиран во јули од страна на американскиот претседател Доналд Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
– Оваа заедничка обврска за придонес кон иницијативата ПУРЛ дополнително ќе ја зајакне посветеноста на нордиските и балтичките земји да ја поддржат Украина. Од суштинско значење е Украина брзо да добие витална одбранбена опрема – рече финскиот министер за одбрана Анти Хакинен.
„Агресивната војна што ја води Русија претставува долгорочна закана за европската безбедност, трансатлантската заедница и меѓународниот поредок заснован на правила. Нема да дозволиме оваа закана да се материјализира“, се вели во заедничкото соопштение.