СЕКОЈ ПЕТТИ ХРВАТ РАБОТИ ДОПОЛНИТЕЛНА РАБОТА За нив веќе една плата не е доволна за нормален живот

Дел од учесниците во анкетата на службата „МојаПлата“ признаваат дека бараат трета работа, бидејќи дури и два извори на приход не ги покриваат сите месечни трошоци.

63

Секое петто лице во Хрватска работи дополнителна работа поради растечките трошоци за живот, а најзастапените работни места се во услужните дејности како што се келнерство, проследено со превоз на патници, чистење и разни повремени физички работи. Ова го покажува анкетата на службата „МојаПлата“

Резултатите од анкетата  во која учествуваа 690 испитаници покажуваат дека 21% од жителите на Хрватска има дополнителна работа, најчесто за да го надополни семејниот буџет.






Испитаниците велат дека една плата повеќе не е доволна за нормален живот, особено со зголемувањето на трошоците за домување, храна и гориво. Дел од учесниците во анкетата признаваат дека бараат трета работа, бидејќи дури и два извори на приход не ги покриваат сите месечни трошоци.

Значителен дел 35% од испитаниците моментално немаат дополнителна работа, но сериозно размислуваат за неа. Најчеста причина е незадоволството од финансиската состојба, но и желбата за промена.

Некои изјавиле дека нивната моментална работа повеќе не ги исполнува, па затоа го гледаат дополнителниот ангажман како можност да пробаат нешто ново или да развијат сопствен мал бизнис „настрана“.

Приближно 16% од испитаниците изјавиле дека воопшто не размислуваат за дополнително вработување.

Постојат различни причини, па затоа некои тврдат дека нивната моментална плата им овозможува да живеат пристоен живот, додека други едноставно немаат време да најдат дополнително вработување поради зафатен распоред на нивната моментална работа или семејни обврски.

Од друга страна, 28% од учесниците во анкетата моментално се невработени и бараат работа, па затоа идејата за дополнителен ангажман не е опција за нив.

Во извештајот за резултатите е наведено дека просечната месечна нето плата во Хрватска со дополнителни надоместоци во третиот квартал од оваа година изнесувала 1.539 евра, но се почесто се слуша дека достоинствена плата што овозможува живот над нивото на обичен опстанок треба да биде околу 2.000 евра.

Поврзани содржини