ДАНЕЛА Е БУЧНА И НЕРВОЗНА ЗАШТО ПРАВДАТА СЕ БЛИЖИ Среќа ѝ посакуваме по хаосот во кој го остави Скопје, порача ВМРО-ДПМНЕ

Ѝ посакуваме да се надмине себеси и да ги победи своите стравови и болки. Борбата со таквите демони не е лесна, и ѝ посакуваме среќа. Исто како и со соочувањето со правдата за хаосот што го остави зад себе, кој е неодминлив процес, порача ВМРО-ДПМНЕ.

2,513

Колку поблиску до правдата, толку повеќе Данела Арсовска ќе е бучна и нервозна, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Ѝ посакуваме да се надмине себеси и да ги победи своите стравови и болки. Борбата со таквите демони не е лесна, и ѝ посакуваме среќа. Исто како и со соочувањето со правдата за хаосот што го остави зад себе, кој е неодминлив процес“, порача ВМРО-ДПМНЕ.






Видовме дека подобро и поинакво Скопје може да функционира, се додава во соопштението.

„Сите надлежни институции мора да се посветат на цунамито кое го остави Данела Арсовска“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовска, поранешната градоначалничка на Скопје, во статус на Фејсбук, во нервозен тон го повика новиот скопски градоначалник Орце Ѓорѓиевски на телевизиска дебата во врска со наодите што ги изнесува Ѓорѓиевски за криминал и неправилности во јавните претпријатија со кои раководеа кадри што го поставуваше Арсовска.

ОЧЕКУВАВ 200, НО ДОЛГОТ Е НАД 300 МИЛИОНИ ЕВРА Ѓорѓиевски ја откри задолженоста на скопските претпријатија, отпуштени 500 лица

Поврзани содржини