МИЦКОСКИ НАЈАВИ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО „КОСТАЛ“ Ќе се обезбедат нови 200 работни места

Премиерот изјави дека обртот на компанијата кој лани изнесувал 3,5 милијарди евра ќе се зголеми за уште 300 милиони евра.

282

Можам да го искажам своето задоволство, затоа што „Костал” верува во Охрид, верува во Македонија, верува во својот бизнис тука и продолжува да го зголемува своето производно портфолио, изјави денеска  премиерот Христијан Мицкоски за време на посетата на компанијата.

-Нивните цели овде во Македонија се импресивни, да обезбедиме нови 200 работни места, да дојдеме до обрт којшто би бил поголем од 300 милиони евра и ние како Влада апсолутно сме тука да помогнеме во реализирањето на овие цели, бидејќи тоа за нас како држава значи многу – рече Мицкоски.






Тој додаде и дека компанијата лани оствариле обрт од околу 3,5 милијарди евра.

Поврзани содржини