БИТОЛЧАНЕЦ ОСВОИ ПРЕМИЈА СО 6 ПОГОДОЦИ „Џокерот“ му донесе 3 милиони денари

66

Во 87. коло од Лото 7 среќен добитник освои премија од играта на среќа Џокер, во вредност од 3.152.640 денари. Уплатата е извршена во продажното место „Димпо“ во Битола. Иако добитникот не се согласи за јавно објавување на неговите податоци, тој сподели дека за него оваа добивка претставува уште една потврда дека секогаш треба да се верува во среќата.

Продажното место „Димпо“ во Битола е познато по среќните добивки од игрите на среќа на Државна лотарија. Таму е „изгребана“ и најголемата премија од инстант лотаријата – 10.000.000 денари од инстант лозот „Мега Милионер“.






Од почетокот на приредувањето на играта на среќа Џокер во 2010 година, во рамките на Ново Лото 7/34, освоени се вкупно 17 Џокер премии, а ова е 11-та освоена Џокер премија од почетокот на приредувањето на Лото 7 во 2019 година.

Уплата на еден Џокер број чини 30 денари, а може да донесе вредна добивка. Џокерот се избира по компјутерски пат, а бидејќи среќата знае да изненади, не треба да се пропушта шансата со одиграна лото-комбинација да се уплати и еден Џокер број.

Во Делчево се освоени две Џокер премии, по една Џокер премија е освоена во Струмица, Берово, Кавадарци, Свети Николе, Струга, Крушево, Пехчево и Битола и седум во Скопје. Првата премија од играта на среќа Џокер беше постигната во Делчево.

– Среќата е насекаде со Државна лотарија – порачуваат од компанијата.

 

 

Поврзани содржини