🎥 НАПРАВИЈА СУДAР, ПА ТЕПАЧКА, ПА ТРГНАА ДА ГАЗАТ ЛУЃЕ! Драма по сообраќајка кај Велика Кладуша

Татко и син предизвикаа сообраќајка, која потоа ја решаваа со тупаници па и со обид да прегазат кого стигнат.

1,249

Вистинска драма се случила вчера во местото Трнови кај Велика Кладуша, каде сообраќајна несреќа прераснала во физичка пресметка, а потоа и во обид за прегазување на луѓе со автомобил. Според сведоците, во инцидентот учествувале татко и син, а вознемирувачки снимки од настанот брзо се проширија на социјалните мрежи.

Сè започнало кога автомобил „фолксваген голф“ преминал во спротивната сообраќајна лента и предизвикал судар. По несреќата, двајцата мажи од „голфот“ застанале на блиското проширување, каде што ситуацијата ескалирала.






Набрзо избил вербален, а потоа и физички конфликт со други учесници во сообраќајот. Двојката од „голфот“ се скарала со возач на сиво возило, кој дури и не учествувал во несреќата, и го удриле. Според снимките објавени на интернет, возачот на „голфот“ во тепачката исто така добил удар, по што неговиот совозач седнал зад воланот, го стартувал моторот и со полн гас тргнал кон групата луѓе со кои штотуку се тепале. Потоа го свртел автомобилот и повторно се залетал кон луѓето.

 

Поврзани содржини