ЗА КОГО ЧУКА СРЦЕТО НА ЗОХРАН МАМДАНИ? Сириско-американска уметница го завела њујоршкиот градоначалник

Патот на Рама како уметница не бил засенет од политиката на сопругот. Таа создава илустрации за The New Yorker и Vogue, изработува керамика и претставува глас на новата генерација креативци со арапско потекло во Америка.

1,476

Зохран Мамдани го запиша своето име во историјата како прв муслиман што ќе го предводи Њујорк, но во победничката ноќ, сите погледи беа вперени во жената која стоеше до него, неговата сопруга, сириско-американската уметница Рама Дуваџи.

– До мојата неверојатна сопруга, Рама, хајати – рече Мамдани, користејќи го арапскиот збор за „мојот живот“.






Рама, родена во 1997 година и израсната во Дубаи, ја носи уметноста како свој јазик. Дипломирала во Вирџинија, а потоа се преселила во Њујорк, каде што преку апликацијата Hinge го запознала човекот што ќе ѝ стане сопруг.

 

Нивната љубов, едноставна и модерна, започнала во дигиталниот свет, но прераснала во приказна за двајца кои спојуваат култури, религии и визии.

Патот на Рама како уметница не бил засенет од политиката на сопругот. Таа создава илустрации за The New Yorker и Vogue, изработува керамика и претставува глас на новата генерација креативци со арапско потекло во Америка. Меѓутоа, токму поради својата скромност и оддалеченост од јавниот блесок, стана мета на критики.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RAMA DUWAJI (@ramaduwaji)

– Пред три месеци се оженив со љубовта на мојот живот, Рама. Сега, десничарските тролови се обидуваат да ја претворат нашата приказна во нешто што не е. Рама е неверојатна уметница и заслужува да биде позната според свои услови – истакна Мамдани.

Нивната свадба, одржана и на Менхетен и во Уганда, симболизираше единство и нов почеток.

Поврзани содржини