ГЕРАСИМОВСКИ ОЧЕКУВА ПОБЕДА СО ДВОЈНА РАЗЛИКА Црна кампања не проаѓа кај центарци

Ги гледаат анкетите, ги видоа резултатите од првиот круг и се обидуваат на секој можен начин – преку црни кампањи, омаловажување, притисоци и ширење лаги – да направат подобар резултат. Но таа работа во Центар и кај центарци не проаѓа - изјави Герасимовски.

331

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, реагираше на засилената негативна кампања во вториот изборен круг, оценувајќи дека таа е резултат на јасниот сигнал што граѓаните го испратија уште во првиот круг.

– Ги гледаат анкетите, ги видоа резултатите од првиот круг и се обидуваат на секој можен начин – преку црни кампањи, омаловажување, притисоци и ширење лаги – да направат подобар резултат. Но таа работа во Центар и кај центарци не проаѓа – изјави Герасимовски.






Според него, противкандидатот настапува без реална понуда за граѓаните и со програма што е буквално препишана од неговата. Потенцираше дека граѓаните се доволно информирани, но и мудри да направат јасна и праведна разлика.

– Центарци знаат да проценат, но знаат и да донесат правична одлука. Убеден сум дека во вториот круг ќе ја добиеме целосната поддршка и дека предноста ќе се зголеми двојно – изјави тој.

Герасимовски нагласи дека во текот на целиот свој мандат се водел исклучиво од интересот на граѓаните и од принципите на транспарентност и рационално трошење на јавните средства. Како што рече, еден е од ретките градоначалници кој во изминатите четири години нема потрошено ниту еден денар на непродуктивни трошоци, како патувања, скапи ресторани, патни трошоци и дневници.

– Тоа е добар пример како треба да се менува перцепцијата кај граѓаните – дека градоначалникот не е некој што седи во фотелја и троши, туку некој што одговара пред граѓаните за секој денар – порача тој.

Во изминатиот мандат, Општина Центар реализирала капитални проекти во вредност од 13 милиони евра. Општината, како што посочи, не е дополнително задолжена, а наследените долгови се намалуваат. Неговите очекувања се дека целосно ќе се раздолжи општината во текот на следната година.

– Граѓаните го препознаа домаќинското работење. Препознаа дека работиме целосно во нивен интерес – и затоа верувам дека поддршката што ја добивме досега ќе прерасне во уште поголема доверба – изјави Герасимовски.

Поврзани содржини