ДИМИТРИЕВСКИ НАЈАВИ 2 БЕСПЛАТНИ ПАРКИНГ ЗОНИ Решение за жителите на Панче Пешев и БС Гојчо

Димитриевски ги отфрли шпекулациите дека на локалитет во близина на „СкараКајЖмара“ ќе се гради нова зграда, и информираше дека тоа нема да го дозволи, туку и на таа локација ќе биде изграден спортско рекреативен комплекс со детско катче.

55

Кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски најави дека во месните заедници Панче Пешев и Благоја Стефковски Гојчо ќе биде воведена втора зона за паркирање која ќе биде во целост бесплатна за сите резиденти во тие месни заедници. Ќе се обезбедат повеќе паркинг места и ќе бидат уредно обележани и уредени.

Тој упати порака до граѓаните дека на локалитет Табакана ќе бидат тргнати сите времени објекти, и тука нема да се гради зграда како што некој предвидел претходно во урбанистичкиот план. Тука ќе се гради детско катче, нов паркинг простор и дополнителни зелени површини.






Димитриевски ги отфрли шпекулациите дека на локалитет во близина на „СкараКајЖмара“ ќе се гради нова зграда, и информираше дека тоа нема да го дозволи, туку и на таа локација ќе биде изграден спортско рекреативен комплекс со детско катче.

По однос на локацијата кај комплексот згради К4 на булеварот Октомвриска револуција, Димитриевски ги повтори своите ставови дека тука нема да се дозволи изградба на нови згради, и нема да се пробива нова улица, туку ќе се работи на проширување и уредување на паркинг просторот и дополнително целосна реконструкција на детското катче, со нова урбана опрема и други содржини за спорт и рекреација.

Тој рече дека пристапот околу зградите на булеварот Октомвриска револуција ќе биде партерно уреден и поплочен секаде каде што за тоа постои можност.

Поврзани содржини