ДЕЛ ОД УЛИЦАТА ВАСИЛ ЃОРГОВ Е НЕПРООДЕН Се отстрануваат две паднати дрва
Се очекува дрвјата да бидат целосно отстранети во рок од еден час.
Општина Центар информира дека во моментов екипите на ЈП Паркинзи на Општина Центар и на ЈП Паркови и зеленило работат на отстранување на две паднати дрва во близина на ООУ „Киро Глигоров“, во скопската населба Капиштец.
Улицата е непроодна за возила додека не завршат активностите, а се очекува дрвјата да бидат целосно отстранети во рок од еден час.