🎥 НИКОЛ КИДМАН ВО СЕКСИ ИЗДАНИЕ НА „VOGUE WORLD 2025“ Актерката ја отвори ревијата во заводлива креација на „Шанел“
Никол Кидман блесна на „Vogue World 2025“ во заводлива креација на „Шанел“. Таа ја отвори ревијата во студиото „Парамонт“ во Лос Анџелес, инспирирана од легендарната Рита Хејворт, додека храбро го започнува новото животно поглавје по 19 години брак.
Појавата на Никол Кидман на „Vogue World: Hollywood“ беше вистинска магија. Актерката, која има 58 години, пристигна со својот препознатлив гламур на модниот настан што се одржа на 26 октомври во студиото „Парамонт“ во Лос Анџелес, во чест на ревијата на „Vogue“.
View this post on Instagram
Кидман, која е и ѕвезда на октомвриската насловна страница на магазинот, го отвори шоуто со изведба зад сцената на песната „Put the Blame on Mame“, која ја пееше Рита Хејворт во култниот филм Gilda од 1946 година.
За отворањето на ревијата, Кидман носеше црна сатенска тоалета со корсет, создадена од „Шанел“, украсена со сатенски камелии — суптилен омаж на познатата црна тоалета што ја носеше Хејворт во истата сцена.
View this post on Instagram
Нејзиниот изглед беше инспириран од гламурот на старата холивудска ера: црвен кармин, „смоки“ шминка и брановидни руси кадрици.
Настапот на Кидман дојде во период кога таа се соочува со развод од кантри музичарот Кит Урбан, по 19 години брак. Оскаровката поднесе барање за развод во Нешвил на 30 септември, наведувајќи „непомирливи разлики“.
И покрај тешкиот период, извори блиски до актерката велат дека Кидман останува позитивна, опкружена со најважното во нејзиниот живот — семејството и работата. Таа во моментов работи на шест нови телевизиски проекти, меѓу кои и нова сезона на Big Little Lies и продолжение на Practical Magic.
По објавата за разводот, Кидман првпат се појави јавно на 4 октомври на добротворната аукција amFAR во Далас, а потоа присуствуваше на „Chanel“ ревијата во Париз, каде беше објавено дека станува ново лице на брендот.
Во интервју за Harper’s Bazaar, таа откри дека најголема сила ѝ даваат нејзините деца — ќерките Сандeј Роуз (17) и Фејт Маргарет (14), кои ги има со Урбан, како и посвоените Белa (32) и Конор (30) од бракот со Том Круз.
– Моите деца ми го даваат чувството на цел, на заштита и љубов. Им ветувам дека секогаш ќе имаат безбедно место каде можат да растат – изјави таа.
„Vogue World“ првпат се одржа во Њујорк во 2022 година, а потоа и во Лондон и Париз. Годинешната презентација на Западниот брег е базирана на „мешавина од оригинални костими“ изработени од почитувани костимографи, вклучувајќи ги Колин Атвуд и Рут Е. Картер, како и „нови интерпретации на класични филмски изгледи“ од брендови како Луј Витон, Миу Миу, Марк Џејкобс и други.
Доџа Кет и Грејси Абрахамс се годинешните изведувачи, а сите приходи од билетите се донираат во фондот за поддршка на уметничките заедници погодени од пожарите во Лос Анџелес.