ЌЕ СЕ АНГАЖИРА ЦЕЛАТА МЕХАНИЗАЦИЈА ЗА ДА СЕ ИСЧИСТИ СКОПЈЕ ЗА 72 ЧАСА Ѓорѓиевски ќе ги повика и компаниите да помогнат

Јас во тие 72 часа, освен што ќе ја пуштам целосно на располагање целата механизација на Градот Скопје и на јавните претпријатија, ќе ги повикам сериозно да се вклучат сите општини, но и општествено одговорните компании, сите ќе излеземе - вели Ѓорѓиевски.

387

Во првите 72 часа ќе се спроведе голема акција за чистење на градот, во која ќе бидат вклучени сите општини, јавни претпријатија и општествено одговорни компании, најави кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, кој синоќа гостуваше во емисијата Трилинг на телевизија 24.

– Треба само добра организација. Немало досега ваква лоша состојба како што имаме денес, тоа треба да го признаеме, и тоа е фактичка состојба. Но, кога велам за добра организација, јас сметам дека добро знам да ги организирам состојбите и да ги решам проблемите. Во првите 72 часа, како што најавив, одговорно тврдам дека градот ќе биде исчистен. Ќе се направи една голема генералка, во која што нема тоа да го направи само градот туку ќе помогнат сите општини, тоа е организација. Јас во тие 72 часа, освен што ќе ја пуштам целосно на располагање целата механизација на Градот Скопје и на јавните претпријатија, ќе ги повикам сериозно да се вклучат сите општини, но и општествено одговорните компании, сите ќе излеземе – вели Ѓорѓиевски.






Тој посочи дека во изминатите четири години немало ниту еден координативен состанок со Градот Скопје, што го оцени како недозволиво.

– Тоа недопустливо, без разлика кој на која политичка партија припаѓа. Јас како претседател на ЗЕЛС, мислам дека покажав изминативе години, откако ја водам таа институција, како треба да функционираме сите заедно кога станува збор за интересот на граѓаните – рече Ѓорѓиевски.

Поврзани содржини