ГЕРАСИМОВСКИ НАЈАВИ ГЕНЕРАЛКА, ЧИСТЕЊЕ ВО ДВЕ СМЕНИ ВО ЦЕНТАР „Механизацијата во погон во засилена акција“

Уште од денеска се зголемува бројот на хигиеничарите на терен, со работа во две смени, наутро и навечер, и механизацијата што ја изнајмуваме се пушта целосно во погон, рече градоначалникот на скопски Центар.

368

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, најави дека се зголемува зборот на хигиничари кои денеска ќе работат во две смени, наутро и навечер со цел одржување на хигиената на највисоко ниво. Тој, потенцираше дека и механизацијата што се изнајмува целосно се пушта во погон.

– Утрово, но и од она што го видовме викендов повторно е хаотично со сметот. Уште денеска се фаќаме за работа, продолжуваме со одржување на хигиената на највисоко ниво. Уште од денеска се зголемува бројот на хигиеничарите на терен, со работа во две смени, наутро и навечер, и механизацијата што ја изнајмуваме се пушта целосно во погон – рече Герасимовски.






На состанокот со раководителите на сектори од општината, Герасимовски изјави дека мора да се отпочнат и буџетските форуми кои беа најавени.

– Ги најавивме и мора да ги отпочнеме буџетските форуми, и јас предлагам да не чекаме ноември, туку уште од оваа недела да ги договориме истите, да видиме колку ќе одржиме оваа година дали ќе биде еден поголем или неколку помали и еден завршен поголем. Мислам дека треба урбаните заедници да одбереме три каде што би ја одржале три посебни форуми и дополнително еден голем каде што ќе ги донесеме заклучоците за програмата – посочи Герасимовски.

 

Поврзани содржини