ДО 17:20 ЧАСОТ ИЗЛЕЗНОСТА ПОД 40% Гласале 39,61% од избирачите

Највисока излезност е забележана во Вевчани (61,84 отсто), а најмала во Врапчиште (20,94 отсто), информира ДИК.

1,257

До 17:20 часот на локалните избори излезноста на гласачите изнесува 39,61 проценти, информира Државната изборна комисија (ДИК). Податоците се базираат на обработени 3.221 избирачки места, каде право на глас имаат вкупно 1.699.296 гласачи.

Највисока излезност е забележана во Вевчани (61,84 отсто), Лозово (61,09 отсто), Крушево (60,94 отсто) и Дојран (60,91 отсто). Најмал одѕив до 17 часот е регистриран во Врапчиште (20,94 отсто).






ДИК информира дека процесот на гласање се одвива мирно и без значителни нарушувања на повеќето избирачки места. Избирачките одбори се задолжени да им овозможат на новинарите непречено известување, како и фотографирање на изборните места. За разлика од странските новинари и набљудувачи, домашните медиуми не мораат да бидат акредитирани од ДИК.

 

 

ДО 15 ЧАСОТ 31,34% ИЗЛЕЗЕНОСТ Највисока во Чашка, најниска во Врапчиште

 

Поврзани содржини