ДВАЈЦА УАПСЕНИ ВО ПРИЛЕП ПОРАДИ ПОТКУП ПРИ ИЗБОРИТЕ Гласањето е мирно и демократско, нема посериозни нарушувања на процесот

Регистрирани се и неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе местај, но по преземени мерки до овој момент не се потврдени наводите од пријавите.

315

Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава, соопшто Министерството за внатрешни работи.

МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. Досега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, рече портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.






– Во 9 часот на улицата Дабничка во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп, во врска со кривично дело Поткуп при избори и гласање, ги лишија од слобода Б.Х.(72) и Д.С.(36), двајцата од Крушево. Во врска со истиот настан, во Полициската станица Прилеп повикани се С.А.(28), М.А.(31), Ш.А.(40), Д.А.(22) и Џ.А.(36) од Крушево, со престој во Прилеп. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава – рече Андреевски.

Регистрирани се неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе места, додаде тој, но по преземени мерки до овој момент не се потврдени наводите од пријавите.

– МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има какво било нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112 – рече портпаролот на МВР.

Поврзани содржини