ДО 13 ЧАСОТ ИЗЛЕЗНОСТА Е 20,12 ОТСТО, ИЗБОРИТЕ СЕ МИРНИ Во Скопје гласале 20,07 отсто, исто колку и на локалните избори во 2021 година
До ДИК досега нема никакви дојави за евентуални проблеми, нерегуларности и неправилности во текот на гласањето.
Излезноста на локалните избори до 13 часот е 20,12 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
До ДИК досега нема никакви дојави за евентуални проблеми и нерегуларности и неправилности од ОИК или од избирачките одбори.
Како што информира портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, до 13 часот се пристигнати податоци од 3.207 избирачки места, односно од 92,31 од избирачките места. Вкупниот број запишани избирачи од кои се пристиганти податоците е 1.666.298, а од нив гласале 335.244.
– Најголема излезност има во следните општини: Богданци 27,31 отсто, Вевчани 33,76, Градско 26,01, Дебарца 28,42, Демир Капија 29,25, Дојран 30,74, Кратово 30,01, Крива палнка 32,42, Лозово 31,86, Новаци 36,52, Ранковци 32,07 и Чашка 40,74 отсто – рече таа.
Најмала е излезноста во: Босилово 12,96 отсто, Врапчиште 7,23, Гази Баба 18,97, Гостивар 11,66, Дебар 13,87, Желино 17,19, Јегуновце 17,50, Маворово и Ростуше 14,45, Пласница 18,88, Радовиш 17.97, Струга 16 и Шуто Оризари 13,76 проценти.
Во Град Скопје излезноста е 20,07 отсто или по општини: во Аеродром 20,63, Бутел 20,69, Гази Баба 18,97, Ѓорче Петров 19,67, Карпош 21,69, Кисела Вода 20,89, Сарај 21,18, Центар 22, Чаир 19,17 и Шуто Оризари 13,76 отсто.
– На локалните избори во 2021 година, според тогашниот пресек во 13 часот, излезеноста во Скопје била 20,76 отсто – рече Тодоровска Алексовска.