ИЗЛЕЗНОСТА ВО ШТИП ДО 11 ЧАСОТ Е 10,89 ОТСТО Гласале 4.500 граѓани во мирна атмосфера

Гласањето се одвива во најдобар ред, вели претседателот на Општинската изборна комисија, Виктор Вацев.

340

До 11.00 часот на 80 избирачки места во Штип на гласање излегле 4.500 граѓани или 10,89 проценти од вкупниот број на избирачи, вели претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК), Виктор Вацев.

– Гласањето се одвива во најдобар ред, немаме пријави за никакви неправилности од страна на избирачите или од страна на избирачките одбори. Гласањето на локалните избори во Штип се одвива во мирна атмосфера – вели Вацев за МИА.

Поврзани содржини