ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО ЛОС АНЏЕЛЕС Граѓаните ќе ги чуваат мигрантите од рациите на Трамп

Лос Анџелес, град во Калифорнија со повеќе од 10 милиони жители, од кои над 3 милиони се имигранти, со месеци се соочува со зголемени тензии поради строгиот пристап на администрацијата на претседателот Доналд Трамп кон доселениците.

249

Округот Лос Анџелес прогласи локална вонредна состојба како одговор на рациите на американската Служба за имиграција и царина, со цел да обезбеди поголема заштита за мигрантите, соопшти окружниот одбор.

Мерката, донесена со мнозинство гласови, треба да овозможи побрзо обезбедување на услуги како што се заштита на станарите и помош за семејствата погодени од акциите на имигрантската служба.






– Она што се случува во нашите заедници е вонредна состојба и округот Лос Анџелес ја третира како таква – изјави членката на одборот Линдзи Хорват, која ја предложи мерката.

Таа нагласи дека округот сега ќе може побрзо да реагира и да обезбеди итна помош за погодените семејства.

Лос Анџелес, град во Калифорнија со повеќе од 10 милиони жители, од кои над 3 милиони се имигранти, со месеци се соочува со зголемени тензии поради строгиот пристап на администрацијата на претседателот Доналд Трамп кон доселениците.

Во јуни во областа избија протести против масовните депортации, при што Трамп распореди војска во јужна Калифорнија заради смирување на ситуацијата.

Масовното протерување на илегалните имигранти беше едно од главните ветувања на претседателот Трамп во кампањата за реизбор.

Поврзани содржини