📽️ САД НАПАДНАА БРОД КАЈ БРЕГОТ НА ВЕНЕЦУЕЛА Според Трамп, се работи за пловило на терористичка организација

Според шефот на САД, разузнавачките служби потврдиле дека бродот тргувал со наркотици, дека е поврзан со илегални нарко-терористички мрежи и дека пловел по позната рута на ДТО.

374

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека САД погодиле брод кој, според него, превезувал дрога во меѓународни води кај брегот на Венецуела.

„Врз основа на моите постојани овластувања како врховен командант, утрово министерот за војна нареди смртоносен кинетички напад на брод поврзан со означена терористичка организација (ДТО) која се занимава со трговија со наркотики во зоната на одговорност на Јужната команда на САД – веднаш до брегот на Венецуела“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.






Според шефот на САД, разузнавачките служби потврдиле дека бродот тргувал со наркотици, дека е поврзан со илегални нарко-терористички мрежи и дека пловел по позната рута на ДТО.

 

Поврзани содржини